историјат на градинката
Детската градинка ,,Детска радост" - Гевгелија е основана од Месната заедница ,,НОВ ДОМ,, Гевгелија далечната 1961 година а како Јавната општинска установа за деца - детска градинка"Детска радост" на Општината Гевгелија е основана со Одлука за основање на организации за згрижување и воспитание на деца (Сл.весник на РМ бр.6/96) од Владата на Република Македонија и започнала со работа од 06.09.1995 година. Со Одлука за пренесување на основачките права и обврски на јавни установи за деца-детски градинки, на општините и на општините во Градот Скопје и пренесување на правата на сопственост на објектите (Сл.весник на РМ бр.51/05) донесена од Владата на РМ, основачките права на ЈОУДГ ,,Детска радост,, Гевгелија ги превзема Општина Гевгелија.
Реализирањето на дејност во Јавната општинска установа за деца - детска градинка "Детска радост" на Општина Гевгелија е : згрижување, нега, престој, исхрана, воспитание и образование, спортско-рекреативни, културно-забавни активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на децата, создавање на поквалитетни услови за престој на децата од 8 месечна до 6 годишна возраст, всушност до вклучувањето во основното образование. Сите овие функции се меѓусебно поврзани и испреплетени. Оваа година детската градинка својата дејност ја остваруваше во 7 објекти, лоцирани на територијата на Општината Гевгелија три во градот Гевгелија и по една во село: Негорци, Миравци, Богородица и Прдејци. Сите детски градинки се од тврда градба, наменски и функционално изградени и во целост одговараа на нормативите и стандардите за објекти од ваков вид.
Градинката е безбедна средина која обезбедува правилен раст, развој, воспитание и образование на деца од 8 месеци до поаѓање на училиште. Таа е установа која нуди здрава исхрана, квалитетна воспитно – образовна работа, и на секое дете му нуди услови да се развива во согласност со своите можности, потреби и интереси. Градинката располага со стручен кадар кој го помага и води развојот на децата согласно Програмата и Стандардите за рано учење и развој на деца до 6 годишна возраст.
Градинката ќе овозможи стимулативна средина за правилен раст и развој на секое дете согласно неговите можности, способности, потреби и интереси. Ќе ја буди и развива креативноста на секое дете. Ќе биде помош и подршка на родителите во процесот на воспитание и образование на своите деца. Ќе нуди современи форми на работа со деца до 6 годишна возраст преку кои ќе влијае врз секој домен на развој на детето.
Ќе обезбеди континуирано стручно усповршување на кадарот вработен во градинката. Таа ќе биде дел од едукативните трендови. Ќе организира, реализира и ќе биде дел од разни проекти, јавни манифестации, изложби и едукативни работилници со децата и за децата
Copyright ЈОУДГ "Детска Радост" сите права задржани